Дуа Липа во новиот филм за Џејмс Бонд

Младата Албанка, која е родена во Косово, а нејзините родители се уште живеат таму, пополека стекна планетарна популарност и во моментов се наоѓа во топ 5 најпопуларни пејачки во светот.

Моментално освен што се подготвува да настапи на фестивалот во Приштина, кој го организира нејзиниот татко, Дуа се подготвува да ја сними и насловната песна за новиот Џејмс Бонд филм.

За тоа се шушка веќе подолго време, но досега се уште не е официјално потврдено.

Дуа Липа ја издаде басистот на групата Years & Years, Мајкл Голдсворти кој изјави дека се надевал дека ќе ја напише новата тема за Бонд.

„За жал не добивме понуда, мислам дека Дуа Липа снима“. А потоа се покајал што го изјавил тоа. „Мислам дека не смеев тоа да го откријам“.

Како и да е, сигурни сме дека младата и ултра популарна Липа ќе отпее одлична бондовска нумера.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!