Таткото на светски познатата Дуа Липа ова лето ќе организира хуманитарен фестивал во Косово.
„Сани Хил Фестивал“ е името на тродневната манифестација чиј главен организатор е Дукагин Липа, а неговата ќерка Дуа, со задоволство прифатила да биде главна ѕвезда.
I’ll post my full caption about Sunny Hill festival here bc twitter count isnt enough! Tickets on https://t.co/r4GPkhHW8r ❤️✨?? pic.twitter.com/7MgEPYTYww
— DUA LIPA (@DUALIPA) June 16, 2018
„Сани Хил“ ќе се одржува на 10, 11 и 12-ти август во Гермиа Парк во Приштина, а цените на билетите се 35 евра за сите три фестивалски вечери.
Дуа Липа постојано на Твитер и Инстаграм го рекламира настанот, од којшто 25 проценти од собраните средства ќе бидат поделени на млади од Косово кои се занимаваат со креативна уметност.
Освен моментално една од најдобрите светски пејачки, на настанот се очекува да настапи уште една голема ѕвезда, а покрај нив ќе настапат и неколку популарни имиња од Косово, Албанија и Македонија.