Драма во Париз: Викал Алаху Акбар и ги убил мајка му и сестра му! Полицијата со застрелала по крвавиот пир

35-годишниот Камел С. со нож ги убил мајка му и сестра му во Трап, предградие на Париз, а уште едно лице ранил. По нападот полицијата го застрелала.

Како што пренесуваат француските медиуми, Камел С. на улица ја нападнал својата сестра пред да се забарикадира во домот вооружен со ножеви.

Тој на полицијата и довикувал Алаху Акбар и се заканувал дека ќе убие сите. Кога излегол надвор заканувајќи им се на полицајците, тие го застрелале. Во претресот на куќата, полицијата го пронашла и телото на неговата мајка.

Камел уште во 2016. година бил во центарот на вниманието на јавноста кога се извинил поради акт на тероризам, а бил осомничен дека е приврзаник на радикалните исламисти.

Иако изгледа дека станува збор за семејна расправија, Исламската држава преземала одговорност за нападот.

Полицијата издала известување во кое бара од луѓето да го избегнуваат подрачјето на нападот.

“Полицијата спроведува операција…Ве молам, избегнувајте го подрачјето на операцијата и почитувајте го безбедносниот периметар”, навела локалната полиција преку Твитер.

Нападот се одиграл во Трап, сиромашно предградие на Париз.

Leave a comment

error: Content is protected !!