Драма во авион: Патниците крвареле од нос и уши поради губење на притисок во кабината

Патничкиот авион на летот Мумбај-Џајпур, се вратил на аеродромот од кој полетал поради губење на притисок во кабината, јавиле индиските медиуми.

Авионот со 166 патници и 5 членови на екипажот безбедно слетал во Мумбај, а лекарска помош добиле околу 30 патници.

По полетувањето патниците се жалеле на болка и крварење во ушите и од носот, па авионот од висина од околу 3.000 метри се вратил на аеродромот.

Авио-компанијата Џет Ервејс, во чија сопственост е авионот, соопштила дека проблемот во одржувањето на притисокот во кабината на леталото настапил во текот на полетувањето.

Екипажот на авионот нема да ги врши планираните должности додека трае истрагата.

Leave a comment

error: Content is protected !!