Дознале дека професорот им спие во училиштето бидејќи нема пари: Решиле да го изненадат со убав гест

Ја менувал колешката која била на породилно, но поради бавната бирократија не добивал плата два месеци.

Бруно Рафаел Паива, професор од Бразил, се нашол во финансиски проблеми.

Тоа го дознале и неговите ученици. Тие откриле дека нивниот наставник не добил плата веќе два месеци, поради што бил принуден да спие во училиште.

Ја менувал колешката која била на породилно, но поради бавната бирократија не добивал плата два месеци.

Кога тоа го дознале учениците, собрале 400 долари и му ги дале како плата. Тоа го довело до солзи.

“Ова не е вистина! Како можевте тоа да го направите?”, рекол кога ја отворил кутијата во која биле парите.

“Подучував многу одделенија, но досега ниедно не покажа таква љубов и грижа за мојата работа како ова”, напишал професорот на Фејсбук која ја објавил.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!