Дознала дека умира,а мажот и ја исполнил последната желба- Дијагнозата се променила и на сите им ги уништила животите

Откако докторите и ја соопштиле „смртната пресуда“, односно и дијагностицирале рак во поодмината фаза, Махтаб (35), мајка на две деца, му рекла на сопругот да се ожени со нејзината најдобра другарка, пред таа да умре.

Тоа било нејзината последна желба, а новата сопруга набрзо затруднела. Махтаб тогаш дознала вест за која не знаела дали да се радува или да тагува. И било соопштено дека дијагнозата била погрешна и дека не боледува од карцином.

Сега Махтаб сака семејниот суд да го натера сопругот Мухамед да се разведе од новата жена. За работите да бидат што покомплицирани, мажот не сака да се одрече од новата жена.

Махтаб тврди дека го сакала најдоброто за своето семејство, но сега од кога излезе дека е здрава, „резервната“ сопруга мора да замине. Но, досега судиите никогаш не се сретнале со ваков случај, па не знаат како да пресудат. Од случајот ги „боли глава“ и најискусните ирански адвокати.

Мухамед тврди дека тој и пријателката на Махтаб, биле против нејзината сугестија, но дека таа ги присилила да стапат во брак, тврдејќи дека тоа е нејзина последна желба. Мухамед вели дека сега не може да исфрли трудна жена на улица. Се согласува да живее со двете сопруги и да се грижи за нив, бидејќи по исламскиот ирански семеен закон тоа е можно. Од друга страна, Махтаб не се согласува со тоа.

Судијата Бехруш Мохадшери кој го води случајот, вели дека по децениското искуство од полето на семејното право, ова му е потполно нова територија, па затоа себеси си дал повеќе време за размислување и донесување на чесна одлука.

Leave a comment

error: Content is protected !!