Доживејте го нападот на Хирошима: Виртуелната презентација на јапонските студенти има хумана цел

Група јапонски студенти две години правела петминутна виртуелна презентација од нападот на Хирошима.

Според неговите зборови оваа презентација во виртуелната реалност е доволна секој да го сфати ужасот со кој се сретнале жителите на овој град пред 73 години.

Нивната цел е таквиот напад повеќе да не се повтори.

“Дури и без објаснување секој што ќе ја погледне презентацијата го гледа сиот ужас на овој чин”, вели една од студентките која учествувала во проектот Меи Окада.

Оние кои ќе се одлучат да го проживеат нападот прво шетаат на авенијата покрај реката Мотојасу и ги гледаат сите згради кои постоеле пред ударот. Можат да влезат и во поштата, банката или болницата во чиј двор стои познатата купола – споменикот на ужасниот напад кој му се случил на овој град.

За да ја направат презентацијата студентите користеле стари фотографии и разгледници, но разговарале и со преживеаните.

Leave a comment

error: Content is protected !!