Тажна судбина на ѕвездата од 90-тите: Доживеа нервен слом, па проба да се самоубие!

Хедер Локлир (56), од минатата недела е сместена во психијатриска клиника бидејќи пробала да се самоубие, а состојбата и е многу лоша.

Славната глумица во избезумена состојба ја пронашол роднина, а Хедер наводно панично барала пиштол за да си ги скрати маките. Тој ден кога доживеала нервен слом, родителите биле на гости во нејзината куќа. Ги нападнала и двајцата, а мајката ја давела за врат, пишува ТМЗ.

Ѕвездата на омиленити серии од 90-тите- „Мелроуз Плејс“ и „Династија“, зависна е од алкохол и таблети за смирување, а последните месеци поголемиот дел од времето го поминувала затворена во својата вила.

Портпаролот на актерката не сакал да го искоментира целиот инцидент, а Хедер има и бурна историја со полицијата. На почетокот на годината им се заканувала на полицајците дека ќе ги застрела ако уште еднаш дојдат во нејзината куќа, кога се појавиле поради пријава за насилство.

Ги повикал нејзиниот брат кога видел дека Локлир се тепа со нејзиниот дечко, градежникот Крис Хејсер.

Ќерката на Хедер, Ава (20) е многу загрижена за менталната состојба на мајка си, изјавил нејзин пријател и додал дека девојката е многу блиска со таткото, гитаристот Ричи Самбора (58), кој навистина многу се грижи, постојаните проблеми на мајката да не делуваат врз неговата ќерка.

Leave a comment

error: Content is protected !!