Дожд од скапоцени камења: Жителите на Хаваи по ерупциите добиле неочекуван подарок

Вулканот Килауеа го опсипува островот со мали примероци од скапоцени камења, бидејќи очевидците тврдат дека парчиња зелени камчиња се пронајдени по ерупцијата.

Фотографиите од малите камења за кои се тврди дека се оливин, кој често се наоѓа во базалтната лава, се објавени во весниците.

Фотографиите на Твитер ги поставила Ерин Џордон, метеоролог, која за “AP” рекла дека нејзините пријатели ги пронашле камењата на Хаваите.

 

Оливин е вообичеан минерал кој се наоѓа внатре во базалтната лава, која излегува од пукнатините во близина на Килауеа.

Меѓутоа, научниците тврдат дека оливин не е скапоцениот камен кој го исфрла хавајскиот вулкан.

Шерил Гансецки, геолог од Универзитетот Хило на Хаваите, тврди дека фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи, “дефинитивно не се тоа што го гледаме во лавата”.

“Оливин не паѓа од небо, освен во парчиња лава”, вели таа. “Тоа што гледаме се мали парчиња и не се одвојуваат од лавата. Би морале да ја скршат лавата за да ги извлечат”, вели таа.

Мајкл Гарсија,, професор по геологија на Универзитетот Хаваи во Хонолулу, има студент кој извлекува оливин од остатокот на ерупцијата од 1985. година.

Оливинот кој е изваден од лавата, во неполирана форма е сив, не е сјаен и зелен, а бојата со текот на времето се губи.

Оливин е причината поради која Големиот остров има зелена песочна плажа, тврди тој.

Leave a comment

error: Content is protected !!