Доста се криеле: Џорџ и Амал Клуни фотографирани со близнаците на одмор

Имено, популарниот пар неколку пати годишно зема одмор од обврските и со синот Александер и ќерката Ела оди во нивната вила на езерото Комо.

Минатата година, кога близнаците прв пат ја посетиле Италија, малиот град го опседнале папараци, а тогаш биле направени и првите фотографии од бебињата на Клуни.

Една година подоцна, ништо не се променило. Припадниците на седмата сила од доверливи извори дознале дека Клуни оваа години прво ќе ужива на Сардинија, каде на аеродромот папараците нетрпеливо ги чекале.

Трпението им се исплатело, па ги фотографирале холивудската ѕвезда и неговата атрактивна сопруга со децата.

Би можело да се каже дека семејството е поделено на машки и женски клан. Како неколку пати досега, и на оваа фотографија Ела е во рацете на мама, а Александер во рацете на тато.

Leave a comment

error: Content is protected !!