Дошол до 11. прашање на “Милионер”: Раскажал како ја изгубил ногата и освоил 124.000 фунти

Тој засега е најуспешниот натпреварувач во новата сезона на квизот.

Натпреварувачот Герет Кендал ги воодушевил сите кога во квизот “Кој сака да биде милионер”, кога освоил 125.000 фунти, одговарајќи точно на прашањето каде се наоѓа замокот Уркухарт, бидејќи таму ја загубил ногата.

Кендал од Галифакс учествувал во квизот кој се емитува во Велика Британија. Попатно споменал дека за малку ќе умрел во сообраќајна несреќа, кога останал без нога.

Дошол до 12. прашање за 125.000 фунти, а прашањето кое водителот му го поставил, ќе го запаметат сите, посебно љубителите на квизот ширум светот.

 

“Покрај кое езеро се наоѓаат урнатините на дворецот Уркухарт?”, му го поставил прашањето водителот Џереми Кларксон.

“Го знам овој одговор, таму ја изгубив ногата”, рекол натпреварувачот, а публиката во студиото гласно реагирала.

Тој додал дека сообраќајната несреќа се случила токму во близина на урнатините на дворецот Уркухарт, покрај езерото Лох Нес.

Одговорил точно на прашањето и заминал дома со 125.000 фунти. Герет Кендал ги воодушевил сите засега е најуспешниот натпреварувач во новата сезона на квизот.

Leave a comment

error: Content is protected !!