Дојдов со синот на базен, влегов во вода, а потоа спасувачот не исфрли надвор: “Никогаш не сум била така понижена”

Млада 19-годишна мајка отишла на базен со своето дете, и набрзо двајцата биле исфрлени, а еве и зошто.

Студентката и мајка Клое Хатерсли од Велика Британија, во понеделникот, како што вели, отишла со синот Мајло на базен.

“Мајло се плаши од вода и се нервира кога ќе влеземе. Затоа сакам да го дојам во плиткиот дел на базенот, за да го утешам и да го привлечам на вода. Во тој момент во самиот базен имаше околу 20 луѓе и во еден момент го слушнав спасувачот како ми вика да престанам да дојам и истата секунда да излезам од базенот”, вели оваа мајка.

Како што опишува понатаму, останатите посетители на базенот само немо ја гледале сцената, поради што и било дополнително непријатно.

“Инаку не сум таков тип и стојам зад своите постапки, но овој пат бев толку шокирана и станав и заминав. После тоа побарав да разговарам со менаџерот кој ми се извини, но и ми кажа дека такви биле правилата. Му кажав дека неколку пати сум доела на тој базен, на што ми одговори дека очигледно никој не ме фатил на дело”, вели таа.

Како што вели понатаму, не гледа причина за забрана за доење во базен.

“Ако се плашат дека млекото ќе ми тече во вода, треба да знаат дека мајчиното тело реагира на плачот на детето, па млекото ќе тече и ако не сакам да го дојам”, вели Клое. Како што вели, решила својот случај да го изнесе во јавноста за да “отстрани негативноста во општеството околу доењето во јавност”.

Leave a comment

error: Content is protected !!