Добри вести за љубителите на пиво – го намалува ризикот од срцеви болести и добро е за мозокот!

Научниците велат дека е добро да консумирате пиво бидејќи тоа има одредени здравствени предности, односно го намалува ризикот од срцеви болести и го подобрува здравјето на мозокот.

Така тврдат авторите на последното истражување објавено во магазинот “American Journal” од “Medical Sciences”.

Тие наведуваат дека во пивото има повеќе протеини и витамин Б, отколку во виното. Пивото има повисоко ниво антиоксиданси и може да го намали ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.

„Докторите треба да бидат свесни за зголемениот број на докази кои поддржуваат нутритивни и здравствени предности од умерената консумација на алкохол, како дел од здравиот начин на живот“, се наведува во истражувањето.

Нутриционистката Сиси Јип за „South China Morning Post“ изјавила дека пивото содржи траги од минерали, како што се калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, натриум, цинк, бакар, манган, селен, флуорид и сицилиум.

„Пивото вклучува и различни полифеноли, како што се флавоноиди и фенолни киселини кои придонесуваат за вкус и матност“, рекла таа.

Овие полифеноли се природни соединенија, кои се наоѓаат во растенијата и му помагаат на човечкото тело во борба против болести. Помагаат во намалување на ризикот за развој на дијабетес и срцевите болести, а ја штитат и когнитивната функција.

Но, научниците истакнуваат дека предностите може да се почувствуваат само во случаевите кога се консумира умерено количество пиво, бидејќи не е ист случајот кога се консумира во огромни количини.

Leave a comment

error: Content is protected !!