До каде ќе оди технологијата: Запознајте го “Meizu”, телефонот без ниеден порт и ниедно копче

Технолошкото решение на кинескиот производител е „тактилна реакција“ наместо копче, звучник скриен под екранот и безжично полнење.

Meizu го претстави својот најнов паметен телефон – Meizu Zero, кој што за разлика од останатите телефони на пазарот, се разликува по тоа што нема ниту едно копче, како ниту еден физички влез. Овој паметен телефон е „оклопен“ со керамичко куќиште, за поврзување со мрежа користи eSIM и секако се полни безжично.

Новиот телефон на Meizu користи mSound 2.0 што значи дека на телефонот не му се потребни отвори за звучници. Наместо физичко копче, Meizu Zero има „виртуелно копче на страната“ кое што вибрира кога ќе го допрете.

Иако Meizu Zero нема ниту една типка, а единствените отвори се за микрофонот и за Hard Reset, екранот е опкружен со видливи рабови. Станува збор за 5,99-инчен АМОЛЕД екран, а „под хаубата“ има Snapdragon 845 процесор, како и IP68 сертификат за отпорност од вода и прашина, како и брзо бежично полнење од 18 W.

Leave a comment

error: Content is protected !!