Дневницата може да биде и до 9.000 денари: Берењето на аспарагус во Германија е добро платено, а познавањето на јазик не е задолжително

Сезонците кои планираат на брзина да заработат со одење во странство, сега имаат идеална можност – во Германија може да берат аспарагус, што може да донесе дневница од 150 евра, односно околу 9.000 денари.

Како што пишуваат балканските медиуми, германските земјоделци издвојуваат најмалку 8,6 евра бруто по час.

Сепак, берењето на аспарагус за германските услови е слабо платена работа, посебно бидејќи на работниците им се одбиваат пари кои работодавецот ги издвојува за ручек и сместување.

Треба да се знае дека за време на слободните часови сезонскиот работник треба да работи, живее и спие во заеднички простории со другите работници. Со нив треба да го дели тоалетот и тушот. Сместувањето не е секаде исто, но едно е заедничко за сите – никаде не е луксузно. Исто така, од саатницата која се плаќа треба да се исклучи паузата, бидејќи таа во Германија не се плаќа.

Работниот ден во главно трае од 12 до 13 часа. Во посебни случаи, кога аспарагусот во топлото време расте побрзо па го има повеќе, се работи и по 20 часа. Може да се земат една или две паузи од 15 минути за јадење, кои потоа се одбиваат од вкупните работни часови.

Од друга страна, ако врне дожд, може да се работи 4 до 5 часа. Работата е многу тешка, се работи во недела и за празници, а бидејќи за берење на аспарагус мора цело време да бидете наведнати, работата е само за оние кои немаат проблеми со грбот.

Станува збор за работа која во главно ја вршат работници кои не се од Германија, а познавањето на германскиот јазик не е задолжително.

Leave a comment

error: Content is protected !!