Диџеј со својот настап ја шокираше публиката на Tomorrowland (видео)

Познатиот диџеј Салваторе Ганачи каде и да се појави, шокира.

Додека сме навикнати, од диџеите да слушаме добра музика и да се забавуваме, Салваторе го промени значењето на поимот диџеј.

Неговите настапи се со еден збор чудни, често наместо да пушта музика, тој игра, пее и заборава на диџеј опремата. Но, на фестивалот Tomorrowland дефинитивно се надмина. Посетителите на овој најголем светски музички фестивал се прашуваат за што платиле карта, а оние пак кои не биле и го гледаа видеото од настапот на социјалните мрежи се чудат како диџејот Ганачи го букираат за вака големи настани?

Салваторе е се, само не обичен диџеј и никој не може да сфати дали со неговите настапи прави пародии на своите колеги и сака да ги исмее, или пак е мртов сериозен и ова е негов начин на пуштање музика и градење кариера.

Погледнете го шокантниот настап на шведскиот диџеј кој потекнува од Столкхолм и проценете сами:

 

Leave a comment

error: Content is protected !!