Директорот му подарил автомобил на работникот бидејќи пешачел 32 километри за да дојде на работа

Сопственикот на компанијата за селење во Алабама во САД, на својот работник му подарил автомобил откако пешачел 32 километри за да дојде на време на работа, пренесува “Anadolu Agency”.

Американските медиуми пишуваат дека, откако му се расипал автомобилот, Валтер Кар морал да пешачи ден и ноќ за да дојде на својата нова работа.

Џени Ламеи, првата клиентка за која Кар работел тој ден, му понудила да се одмори откако дознала дека пешачел со часови.

“Не можам да ви кажам колку ме допре Валтер и неговото пешачење”, им рекла Ламеи на новинарите.

Лук Марклин, извршен директор на компанијата во која се вработи Кар, дознавајќи што се случило, исто така набрзо го запознал својот работник.

Откако испиле кафе, Марклин поради пожртвуваноста и посветеноста кон работата му подарил клучеви од “Ford Escape” од 2014. година.

“Искрено, ме воодушеви”, рекол сопственикот на американската компанија.

Кар подоцна на новинарите им рекол дека е многу благодарен што добил можност да работи.

“Сакав да им покажам дека сум посветен. Им кажав дека ќе дојдам на работа, на овој или на оној начин”, рекол Кар, додавајќи дека ништо не е невозможно, ако навистина сакате да го постигнете.

Leave a comment

error: Content is protected !!