Диета на најслабата старлета: Вака се храни Кортни Кардашијан за да има 44 килограми

Кортни Кардашијан, најстарата сестра од славната фамилија, важи за најзгодна припадничка на познатиот риалити клан.

На чекор до 40-от роденден призна дека има точно 44 килограми. Во една од епизодите на „Keeping up with the Kardashians” кажа колку тежи, но и кои додатоци ги користи во секојдневната исхрана.

“Во овој момент, мојата исхрана се темели на умереност. Се трудам да јадам здраво кога сум дома  и одржувам рамнотежа со здрав органски зеленчук и овошје, здрави маснотии и протеини. Сфатив дека се што јадам ми влијае на целиот организам- од мојата кожа, преку моето расположение до нивото на енергија. Во текот на денот, најпрво пијам колаген со вода, а вода пијам и во текот на целиот ден и тоа колку можам повеќе. Потоа следи смуди со додатоци на протеин од рибна коска, масло со триглицериди од алги. За ручек бирам органска салата. Во последно време најчесто јадам салата со авокадо, готвени јајца, краставици и домати. Попладне пијам топол зелен чај и нешто грицкам. Најчесто тоа е чипс. За вечера јадам лосос или пилешко на скара со пире од карфиол. Навечер јадам и ориз“- откри Кортни за својот начин на исхрана.

Leave a comment

error: Content is protected !!