Девојки од Скопје направија вистинска забава насред Истанбул

Бисера, Ана, Леона и Јана, се четирите девојки од Центар кои го кренаа Истанбул на нозе.

„Златната четворка“ ја одушеви публиката на 9-от Интернационален фестивал на уметнички дијалог што се одржа во организација на општина Бијоглу, Истанбул. Бијоглу е збратимена општина со Центар ( Скопје).

„Ние сме сите исти, ние сите сме луѓе со исти желби за мир во светот и соживот“, е пораката што групата ја упати преку нивниот 30 минутен музичко-сценски перформанс од општина Центар до сите учесници на фестивалот.


Осум земји, меѓу кои и Македонија преку општина Центар, покажаа дека уметноста ги зближува народите. Девојките од Центар пееја, свиреа и танцуваа на иста сцена заедно со претставниците на Индонезија, Тунис, Романија, Бразил, Украина, Хрватска и Кореја.


Претставниците од општина Центар направија вистинско шоу на Таксим, по улиците на Истанбул и на крстарење по Босфор, со колаж од музика од 70-те години до денес, пеејќи песни од Франција, Италија, Русија, Велика Британија, Шпанија, Македонија, Грција и Турција.

Leave a comment

error: Content is protected !!