Девојката на данскиот фудбалер е вистинска бомба

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Јувентус и Волфсбург, Никлас Бентнер неодамна се најде во центарот на вниманието поради скандалот кој го направи во Копенхаген каде настапува за Розенборг.

Данскиот репрезентативец во раните утрински часови нападнал таксист и му ја скршил вилицата.

Данските медиуми пишуваат дека Бентнер се забавувал со својата девојка до раните утрински часови, а потоа кога бегал накај дома започнал расправија со таксист, кој го извлече подебелиот крај.

Ова не е прв инцидент за Данецот. Претходно му била одземена возачката дозвола за пиење во алкохолизирана состојба, но тоа не го спречи повторно да седне за воланот и да дивее низ градот со голема брзина.

И додека Никлас се истакнува со своите дивјачки испади, неговата девојка Филине Роепсторф го истакнува своето сексапилно тело. Таа на Инстаграм има повеќе од 270.000 фанови кои често ги почестува со голи фотографии, а со своето момче очигледно е дека сака да се забавува.

Leave a comment

error: Content is protected !!