Девојка снимила чуден објект на небото во близина на воена база: “Не е прв пат да видам НЛО”

22-годишната Австралијка Џунлин Биталак ја одвела својата мајка на работа, а при враќањето дома забележала нешто необично на небото.

Тоа бил некаков црн објект, како летечка чинија. Бил широк околу 5 метри и без проблем летал на небото додека не се изгубил меѓу дрвјата.

Се се случило во близина на воената база во Хејстрингс.

 

“Верувам во вонземјани и дека постои живот надвор од нашата планета, па затоа брзо го земав телефонот во раце и го снимив ова што го видов”, рекла Џунлин.

“Тоа беше чуден кружен објект, никогаш ништо слично не сум видела. Ова не е прв пат да видам НЛО”, тврди девојката.

Leave a comment

error: Content is protected !!