Њујоршката полиција во вторникот заградила дел од улица во центарот на Менхетн, откако рој пчели нападнал тезга за продажба на хот-дог, соопштил на Твитер началникот на полицијата на градот, Џејмс О’Нил.
The NYPD is literally vacuuming up the bees @PIX11News pic.twitter.com/mr5AMIn3hw
— Katie Corrado (@KatieCorradoTV) August 28, 2018
https://platform.twitter.com/widgets.js
“Не плашете се, Њујорчани и туристи. Центарот на Менхетн “зуи” за способностите на полицијата на Њујорк да биде мултифункционална организација. На Тајмс Сквер хумано и безбедно постапуваме со рој пчели”, се наведува во соопштението.
Корисниците на социјалните мрежи споделувале фотографии и видео-снимки од нападот.
Една телевизија навела дека тезгата ја нападнале десетина илјади инсекти. Сепак, според соопштението на полицијата, во инцидентот не настрадал никој.
Експертите сметаат дека пчелите напуштиле стара кошница поради горештините во градот, а полицијата планира да ги премести во “друг дом”.