Денот кој го промени светот: Теориите на заговор за 11. септември ја тресат планетата

САД денес обележуваат 17. години од терористичкиот напад во кој загинаа 3.000 луѓе.

Станува збор за најсмртоносниот терористички напад на американска почва, кога два киднапирани авиони удриле во Светскиот трговски центар на Менхетн, третиот удрил во Пентагон, а четвртиот се урнал во руралниот дел на Пенсилванија.

17 години подоцна и натаму има низа теории на заговор за тоа кој стои зад нападите на 11. септември 2001. година. Официјално, зад нападот стои Ал Каеда, чии преживеани припадници тогаш биле уапсени. Сепак, има се повеќе теории на заговор за тоа кој би можел да стои зад нападите кои го променија светот.

По нападот, Белата куќа на чело со Џорџ Буш му објавила војна на тероризмот, што без сомнение ги одредило тенденциите во меѓународните односи во првата деценија од 21. век.

Нападите на 11. септември 2001. година ги извеле припадници на Ал Каеда, чии 19 припадници киднапирале 4 патнички авиони, кои полетале од аеродромите во Бостон, Њујорк и Вашингтон.

Киднаперите влегле во кабините на авионите и служејќи се со ножеви ја преземале контролата над леталата.

На местото на кое се наоѓале Кулите близначки е кренато спомен обележје за жртвите, а изграден е и нов Светски трговски центар.

Leave a comment

error: Content is protected !!