Ден на жалост во Италија, под мостот во Џенова пронајдени уште три тела

Уште 3 безживотни тела биле пронајдени под урнатините на мостот Моранди во Џенова, со што бројот на загинати пораснал на 42.

Тие податоци уште не се официјални, само пожарникарите потврдиле дека пронашле тела на 9-годишно девојче и нејзините родители во “целосно уништен автомобил”.

Пожарникарите на Твитер го потврдиле пронаоѓањето на уништениот автомобил.

Како што се наведува, денес во Италија е ден на жалост, а јавниот погреб за дел од загинатите почнал во 11:30 часот по локално време.

Како што пренесуваат агенциите, претседателот на Италија, Серџо Матарела, пристигнал во Џенова за да присуствува на погребот.

Мостот Моранди се урнал во вторникот за време на невреме, а повеќе од 30 возила паднале на земјата од висина од 45 метри.

Leave a comment

error: Content is protected !!