Дедо од Србија добил на лото, а кога кажал за што ќе ги потроши парите ја расплакал целата јавност

Таа опишала како еден дедо дошол по својата лото добивка, кој најпрвин мислел дека добил многу помалку пари, а кога дознал колкава е всушност добивката, открил на што ќе ја потроши.

“Денеска еден дедо дојде да подигне 19 илјади динари од бинго, но се воспостави дека наградата е 129 илјади динари. Тој седна и почна да плаче од среќа со зборовите “сега ќе можам да ѝ подигнам споменик на сопругата, таа почина минатата година во мај”. Сите во продавницата плачевме”, напишала таа.

Дополнително напишала и дека дедото останал шокиран од сумата која што ја добил.

“Мислеше дека наградата е многу помала. Драго ми е што ја доби тој, а не некој кој е “полн како брод”. Постојано доаѓаат такви. Ми кажа дека не знаел како да ѝ подигне споменик на нивната годишнина. Тажно, но сепак некој од горе гледа сѐ… Веројатно заслужил да добие “помош”. Ќе беше поубаво доколку таа беше жива, да отидат на бања со тие пари”, заклучила продавачката.

Leave a comment

error: Content is protected !!