Connect with us

Repriza.mk

Дарио најавува соработка со познатата авторка на бестселери и нова песна на српско-хрватски (видео)

Музика

Дарио најавува соработка со познатата авторка на бестселери и нова песна на српско-хрватски (видео)

Нашиот познат пејач Дарио, не е од музичарите кои често вадат нови песни, туку повеќе е сконцентиран на квалитетни проекти кои ќе останат.

Една таква песна е и новата вортекс песна „Што је моје то че дочи“. Оваа песна всушност е српско-хрватска преработка на хитот од 2016 година- „Што е мое, ќе си дојде“.

Новата песна е во соработка со Ана Бучевиќ, најпознат мотивациски говорник во Хрватска, професорка како и авторка на три бестселери. Заедно најавуваат снимање на спот, каде што ќе може да учествуваат сите кои ќе посакаат да бидат дел од видеото.  Музиката е на Дарио Панковски, текстот е во соработка со Кристијан Габровски, кој е и аранжер на песната.

Соработката со Ана, дошла во моментот кога ќерката на Дарио, Андреа Панковска и испратила мејл на професорката, во која навела дека татко и инспириран од Бучевиќ ја напишал оваа песна. Ана навистина се воодушевила и со задоволство се одлучила да сними спот, во кој ќе учествуваат сите кои ќе пратат снимки каде што ја пеат песната и уживаат на wettransfer, а на мејлот- [email protected]

Слушнете што вели Ана во врска со песната и спотот:

Бонус- Текст видео од песната:

Leave a comment

More in Музика

To Top
error: Content is protected !!