Дали знаете зошто Америнците масовно ја уништуваат својата опрема од “Nike”?

Огромен број на луѓе во Америка ја уништуваат својата облека и обувки од спортскиот бренд Nike, а снимките ги објавуваат на Интернет. Причината е политичка.

Имено, тие протестираат, бидејќи Nike е светски познат производител на спортска облека, обувки и опрема, а за својата најнова кампања го ангажирале Колин Каперник, поранешен играч на американски фудбал кој пред две години предизвика бес кај американските десничари, бидејќи останал да седи на клупата за играчи додека се изведуваше американската химна.

Кога Каперник го прашаа зошто не станал за време на изведувањето на американската химна, рекол дека станува збор за протест поради низата на убиства на невооружани црнци од страна на полицијата. Фудбалерот цела сезона го правел истото додека пеела американската химна, а иако следната сезона не потпиша договор за ниту еден клуб, неколку други фудбалери беа поттикнати и го правеа истото што го правеше Колин.

Новата кампања на Nike, која се објави во понеделникот вечер, прикажува фотографија од Каперник со текстот: “Верувај во нешто. Дури и ако тоа значи жртвување на сè”.

Потегот на Каперник го критикуваше и претседателот Доналд Трамп, кој изјави дека станува збор за непочитување на американското знаме и војска.

Кратко по новата кампања на Nike, по социјалните мрежи започнаа да се појавуваат видео снимки како луѓето ги уништуваат своите Nike патики и облека. Дел од нив повикуваат на бојкот на Nike, а многумина го шират хештегот #JustBurnIt, обратно на слоганот на спортскиот бренд Just Do It.

Кантри пејачот Џони Рич на Твитер објави фотографија од својот техничар за кој кажа дека е поранешен маринец, кој од своите чорапи го откина знакот на Nike.

“Нашиот техничар само што го откина знакот на Nike. Поранешен маринец. Подготви се Nike и помножи го тоа со милион”, напиша Рич.

Leave a comment

error: Content is protected !!