Дали некогаш сте се запрашале како изгледа летување во Северна Кореја?

Ако не знаете каде да одите на летување, Ким Јонг Ун препорачува да размислите за Северна Кореја.

Иако многумина мислат дека Корејците не знаат да се релаксираат, тоа, судејќи по фотографиите, не е баш така.

Како на секое друго место во светот, и Корејците уживаат во шармот што го нуди летото.

Сепак, за разлика од машките што исто како нас – се облекуваат за на плажа, жените мораат да бидат облечени во малку позатворен костим за капење.

На одредени плажи сепак им е потребно мало уредување, бидејќи дефинитивно изгледаат како брег на мочуриште. Нормално, на локалните жители како и на жителите на Северна Кореја, тоа воопшто не им пречи.

Распеани и разиграни, весели семејства се нормална слика за ова место. Изгледа дека Корејците строго се држат до семејните традиции и сакаат да уживаат сите заедно, наместо да одат на летување посебно.

Можеби Северна Кореја не ви е на листата во првите 10 омилени дестинации за летување, но сигурно тоа би било убаво искуство. Туризмот не им е силна страна, но нема човек што не сака да ужива на плажа.

Leave a comment

error: Content is protected !!