Дали научниците конечно пронајдоа лек против старост?

Откако постои цивилизацијата, луѓето се обидувале да пронајдат лек за староста. Сигурно и сами сте слушнале за помалку или повеќе вистинитите случаи со кралиците и принцезите кои се капеле во мед, млеко или – крв од девици.

Додека таквите методи, и покрај суровоста, не можеле да им наштетат, имало цареви кои верувале дека вечна младост ќе добијат со пиење на мала количина на жива. Таквите обиди во најмала рака не успеале.

Меѓутоа, научен тим во Филаделфија сега истражува сосема нова теорија дека постариот организам може да се подмлади со трансфузија на крв од помлади луѓе. Истражувањето се спроведува над група луѓе постари од 35 години, на кои во крвотокот им се вбризгува крв од тинејџери, и тоа по цена од 8.000 долари.

“Во нашата контролна група има луѓе од САД, Австралија и Европа”, објаснил Џеси Кармазин, пишува “CBS”.

Доктор Кармазин вели дека луѓето, кои примиле “млада крв” тврделе дека се чувствуваат одлично, а кога методата била применета на глувци, исто така биле видливи ефектите на подмладување..

Нивните мозоци се подмладени, исто како и срцата. Доколку имале седи влакна, тие ја добиле својата изворна, потемна боја.

Слична метода истражува и научниот тим на Стенфорд и тоа пред лечењето на Алцхајмерова болест.

Заклучивме дека е сигурно и изводливо да им се вбризгува “млада” плазма на пациентите неделно, објаснила др Шерон Шоу, научничка која животот го посветила на истражување на Алцхајмер.

Таа тврди дека виделе конкретни долази за подобрување на телесните функции кај пациентите.

“Многу е возбудлив фактот дека во крвта има компоненти кои може да помогнат во оздравувањето”, вели др Шоу.

Плазмата богата со тромбоцити се користи за намалување на брчки и забрзано лечење на зглобови и ткива, а се тестира и за лечење на ќелавост.

“На луѓето можеме да ја користиме нивната сопствена крв, за да им го стимулираме организмот”, вели др Хофман Корашани. Иако истражувањето уште не е довршено, научниците се многу оптимистични.

“Се изгледа многу позитивно, но понатамошните истражувања се неопходни. Уште имаме многу непознаници и фактори за кои не сме свесни кога нутриенти од едно тело се вбризгуваат во друго”.

Иако трансфузиите на крв се сметаат за безбедни за луѓето на кои навистина им се потребни, некои од нуспојавите вклучуваат осипи, проблеми со белите дробови и потенцијално смртоносни инфекции.

Leave a comment

error: Content is protected !!