Дали е пронајден лек за ХИВ? Уште едно лице е на прагот на излекување

Неидентификуван пациент од Германија, познат како “пациентот од Дизелдорф” е подложен на трансплантација на матични клетки поради лекување на рак кој му бил дијагностициран пред четири месеци.

За неговиот случај се зборувало на истата конференција на која се зборувало и за “Лондонскиот пациент” кој е втората личност во светот ослободена од ХИВ. “Берлинскиот пациент”, Тимоти Реј Браун, е единствената личност која преживеала трансплантација на матични клетки кои се опасни по живот.

Другите двајца ХИВ пациенти биле подложени на трансплантација на матични клетки, но наскоро треба да престанат да земаат пилули за спречување на вирусот. Д-р Бјорн Џенсен од универзитетот во Дизелдорф го открил постоењето на третиот пациент на медицинската конференција во Сиетл.

Пациентот од Дизелдорф исто така има рак, токму како и пациентите од Лондон и Берлин. За сите нив, животно загрозената и сложена трансплантација на матични клетки била последниот обид за преживување. Лекарите кои го лекувале пациентот од Дизелдорф велат дека тој не покажува знаци дека се ослободил од вирусот за да прогласат долгорочна ремисија, за разлика од пациентите во Лондон и Берлин.

Д-р Ентони Фауци, шефот на одделението за ХИВ и СИДА во Националниот институт за здравје, изјавил дека извештајот за “Лондонскиот пациент” го зацврстува доказот на концептот кој покажал кај пациентот од Берлин дека клетките од донатор кој е отпорен на ХИВ можат да го ослободат ХИВ примателот. На “Лондонскиот пациент” му биле трансплантирани матични клетки од донатор со генетска отпорност на болеста.

Крвните клетки на инфицираната личност ги заменува некој кој е имун на ХИВ по пат на генетска мутација која го спречува врзувањето на вирусот со клетките, пренесува “Daily Star”. Главниот автор на студијата, професорот Равиндра Гупта, изјавил дека постигнувањето на ремисија кај вториот пациент открило дека “Берлинскиот пациент” не е аномалија.

“Пронаоѓањето на начини за целосно елиминирање на вирусот претставува итен глобален приоритет, но истото е особено тешко бидејќи вирусот се интегрира во леукоцитите на својот домаќин”, вели Гупта.

Leave a comment

error: Content is protected !!