Дали е ова доказ дека пожарите во Грција се подметнати?

Гркот Јоргос Митропулос во полицијата пријавил пироман кој пред неговите очи подметнал неколку пожари.

Митропулос го забележал пироманот во Марати и некое време го следел, а паралелно разговарал со полицијата и им го пренесувал секој детаљ од својата потера.

Полиција: Повелете.

Митропулос: Еве повторно ви вртам од Марати, веќе ви се јавив пред некое време…

Полицијата: Да?

Митропулос: Кажете им на соите луѓе…јас веќе ви го пријавив човекот кој подметнува пожари.

Полицијата: Да, знам.

Митропулос: Ве молам дајте им мој број да му се јават бидејќи отишле на друго место, не го пронашле, еве јас упорно го следам.

Полицијата: Дали тој подметнал уште некој пожар господине?

Митропулос: Само што подметна три во моја близина.

Полицијатта: Разбирам.

Митропулос: Дајте им го, ве молам, мојот број на вашите луѓе.

Женски глас: Еве го повторно, подметнува уште еден.

Полицијата: (Го диктира бројот на патролата)

Митропулос: Баш сега пред нас!

Полицијата: Ве разбираме, како се викате?

Митропулос: Митропулос ми е името.

Полицијата: Митропулос?

Митропулос: Да, да и снимам се со камера.

Во пожарите кои во понеделникот почнале да дивеат во околината на Атина загинале 79, а повредени биле повеќе од 180 луѓе. Меѓу жртвите има многу деца, а се стравува дека црниот биланс ќе расте.

Leave a comment

error: Content is protected !!