Дали е добра идеја: Илјадници луѓе од оваа држава доброволно вградиле микрочипови во рацете

Илјадници Швеѓани вградиле микрочипови кои сега им служат како кредитни картички, клучеви од автомобил или стан или пак карти за воз. Еднаш кога ќе го вградат чипот, повеќе не мора да се грижат за тоа каде им се картичките или документите. Меѓутоа, има и луѓе кои сметаат дека овој тренд е погрешен.

И додека на прв поглед делува дека Шведска едноставно премногу напредна па предводи во ваквите трендови, зад приказната за 3.500 луѓе со микрочипови стои подлабока причина.

Терминот “биохакер” се однесува на биолози кои работат надвор од традиционалните институции. Како што хакерите можат да влезат во секој компјутер, така и биохакерите можат да влезат во се што е биолошко.

Биохакери има во голем број, а за оваа приказна посебно се интересни трансхуманистите, кои се фокусирани на подобрување на карактеристиките на човековото тело, и долгорочно, подобрување на целата човекова раса. Но, тие прават и многу поинтересни експерименти, како на пример билки кои светат навечер, или пиво од алги.

Шведските биохакери се дефинитивно трансхуманисти и тие се тие кои стојат зад вградувањето на чиповите со големина на зрно ориз, некаде меѓу палецот и показалецот. Тоа се истите микрочипови кои со децении се вградувале за да ги следат животните и пратките.

Па зошто тогаш Швеѓаните толку сакаат чипови во своето тело? Тие, всушност, имаат многу доверба во се што е дигитално. Веруваат дека технолошкиот напредок може да донесе само добро. Во текот на последните две децении шведската влада вложила милиони и милиони во технолошки инфраструктури и тоа секако се гледа. Нивната економија се базира во главно на извоз на дигитални технологии и услуги, како и иновации.

И додека остатокот од Европа во главно се згрозува од фактот дека Швеѓаните доброволно се чипуваат, еден од водечките микробиолози кои учествуваат во проектот, Бен Либертон, поставил едно интересно прашање -“Дали ќе се буните ако чип ви детектира рак кога ќе се појави и ви го спаси животот?”.

Leave a comment

error: Content is protected !!