Необично високи бранови “ги нападнале” плажите на популарните шпански туристички центри Мајорка и Менорка.
Метар и половина високи бранови удирале во Сјудадела и околните плажи, а среќа околност е тоа што се појавиле рано наутро, пред армијата од туристи да се појави на брегот.
Станува збор за појава која се нарекува метеоцунами – тоа се високи и големи бранови, кои настануваат кога силните метеоролошки појави како што се громовите предизвикуваат брзи и големи промени во притисокот во воздухот, а тоа ја крева површината на морето.
Брановите предизвикале паника меѓу сопствениците на хати, кои очајнички се обидувале да ги спасат своите бродови.
Метеоцунами е забележано на повеќе места ширум светот, вклучувајќи ги Средоземното и Јадранското море, Мексиканскиот залив и Атлантскиот брег.