Чоколаден музеј во Виена: Уметнички скулптури од чоколадо и тропска џунгла на едно место!

“Chocolate Museum Vienna” е новата најголема атракција за чоколада во Виена, која на 200 квадратни метри го претставува интерактивниот какао и чоколаден свет.

Целта била да се претстави тесната поврзаност меѓу историјата на градот Виена и вековниот развој на чоколадото. Меѓу другото, актуелната поставка на експонатите во првиот дел од музејот кажува и се за историјата на Маите, Ацтеките и другите народи кои имале голема улога во развојот на какаото.

Исто така во богата поставка може да се види и како зрното какао дошло во Европа и кој е задолжен за неговото понатамошно развивање, односно каква улога имала Хабсбуршката Монархија во чоколадниот свет.

Во следната просторија на музејот има голема тропска џунгла која дава впечаток на вистинска плантажа, каде фармерите одгледуваат какао. Сите процедури на правење на чоколадото, нејзините митови, обработката и уште многу податоци може да се дознаат тука, но и да се пробаат разни пржени зрна како. За специјалниот изглед на музејот придонесуваат и многубројните чоколадни фигури од областа на културата и историјата. Некои уметнички скулптури тежат по дури 350 килограми.

“Chocolate Museum Vienna” е единствен музеј во Австрија со целосно нова дигитална и персонализирана технологија. Сите посетители на почетокот на музејот добиваат алки преку кои можат да се регистрираат.

Leave a comment

error: Content is protected !!