Грчкиот премиер Алексис Ципрас денес објавил видео-порака пратена до граѓаните, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за Преспанскиот договор со Македонија и да се “дознае вистината”.
“Со Преспанскиот договор ја штитиме нашата покраина Македонија. Го надминуваме стравот и отвораме пат кон мир и економски раст”, наведува Ципрас во видео-пораката на Фејсбук под наслов “Вистината за Преспанскиот договор”.
Тој договор, нагласува Ципрас, е “камен темелник на пријателството на Балканот, соработката и братството на народите”, пренесува “ANA”.
“Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признавајќи дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура на ниеден начин не е поврзана со древното грчко наследство. Преку Преспанскиот договор им го признаваме државјанството, а не етничките групи. Нема да има иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфраструктурата и јавните простори”, рекол Ципрас.
Видео пораката, долга 107 минути, опфаќа и снимки од потпишувањето на договорот меѓу Грција и Македонија, како и извадоци од говорот на премиерот во атинската концертна сала за тој договор.
Договорот предвидува нови име за Македонија, Република Северна Македонија.