Сите што живеат во Скопје, барем еднаш имале прилика да се сретнат со Чичко Драги.
Овој човек со кој животот си поиграл и нема основни средства за преживување, отсекогаш бил скромен и се трудел да заработи за парче леб продавајќи ластичиња на Рекорд. Со него секогаш се и верните пријатели- неговите кучиња, за кои подеднакво оделува храна. Понекогаш дури и тој останувал гладен, за кучињата да бидат сити.
Пред извесно време чичко Драги се разболе, а хумани граѓани секојдневно му помагаа по операцијата, со лекови, гази и храна за кучињата. Но, условите во кои живееше во скопската општина Ѓорче Петров навистина не беа прикладни за опоравување на човек после тешка операција.
Градоначалникот на Ѓорче Петров- Александар Наумовски го посети чичко Драги во неговиот разрушен дом и веднаш реши општината да помогне на овој добар човек.
Деновиве, куќата на Драги се реновира, а општината донираше и покуќнина.
„Општина Ѓорче Петров донираше покуќнина за нашиот сограѓанин, Драги од Хром кој е социјален случај и во тешка здравствена состојба. Неодамна го посетив Драги кој живее во несоодветни услови, при што самиот побара да му помогнеме од неколку аспекти. Веќе ја остваруваме таа помош, а стоиме на располагање со се што е во наша надлежност, а ќе му биде од големо значење на Драги’– изјави градоначалникот Александар Наумовски.