ЦИА го предвидела распадот на Југославија, а сега го предвидува истото за ЕУ – Европа ќе се подели на три блока?

ЦИА и невладината организација “Stratfor” прогнозираат распад на Европската унија на неколку групи – стара Европа, нова Европа, која ќе биде свртена кон САД, и сојуз на православните земји.

Западниот блок и стара Европа ќе го сочинуваат Франција, Германија, Велика Британија, Австрија, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Норвешка и Финска.

Нова Европа ќе ја сочинуваат Литванија, Естонија, земјите од Вишеградската група, Словенија, а овој блок би се наоѓал под германски економски и американски воен патронат.

Третиот блок би претставувал балканска конфедерација која би ја сочинувале во главно православни држави – Србија, Романија, Бугарија, Македонија и Грција.

Многу експерти истакнуваат дека ова предвидување треба да се сфати сериозно и потсетуваат дека ЦИА кон средината на 80-тите години од минатиот век најавила распад на тогашната СФР Југославија.

Слични предвидувања изнесува и американската невладина организација “Strafor”.

Според “Stratfor”, ЕУ наскоро ќе се распадне на два дела: побогатиот Запад и група од мали земји во Централна Европа, кои воено ќе се завртат кон САД.

President George W Bush visits CIA Headquarters, March 20, 2001.

И тие предвидуваат создавање на православна унија. За тој сојуз, како што наведуваат, главна мотивација за формирање ќе бидат парите.

Геополитичките експерти се согласни дека дошло време на повеќе блоковски системи, со неколку центри на моќ, и дека САД и НАТо повеќе нема да имаат главна улога на светската сцена.

Распадот на ЕУ најмногу ќе им одговара на САД и РУсија, наведуваат некои портали за политичка аналитика. “Брегзит” и доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД многумина го гледаат како јасно забрзување на предвидениот распад на ЕУ.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!