Чудо во Мексико: Се урнал авион со 97 патници и 4 членови на екипажот – сите се живи, 85 повредени!

Портпаролот на цивилните воздухопловни власти на Мексико, Алехандро Кардос, изјавил дека авионот паднал кратко по полетувањето.

Околу 85 лица биле повредени денес, од кои некои тешко, кога се урнал авион на мексиканската авио-компанија “AeroMexico” непосредно по полетувањето од сојузната мексиканска дражва Дуранго.

Локалните службеници, сепак, нагласуваат дека никој не загинал при падот на авионот, во кој имало 97 патници и 4 членови на екипажот.

Државниот гувернер на Дуранго, Хозе Аиспуро, на својот профил на Твитер навел дека е потврдено дека нема жртви во несреаќта.

Аеродромски службеник, повикувајќи се на прелиминарните извештаи рекол дека до несреќата дошло поради лоши временски услови.

https://platform.twitter.com/widgets.js

Портпаролот на цивилните воздухопловни власти на Мексико, Алехандро Кардос рекол дека 85 лица се повредени и нагласил дека пожарот, кој избил по несреќата, е изгасен, а дека нема податоци дека некој настрадал во пожарот.

Гувернерот на Дуранго, Хозе Росас Аиспуро рекол дека авионот летал кон мексиканската престолнина.

Се наведува дека станува збор за авион “Embraer 190”, кој може да прими 100 патници.

Leave a comment

error: Content is protected !!