“Човековата раса галопира кон истребување”: Жена ја удрил воз, а едно момче направило нешто нечуено

Кога една Канаѓанка на северот на Италија била удрена од воз и тешко повредена, спасувачките служби веднаш дошле на местото на настанот. Меѓутоа, додека и пружале помош на жртвата на несреќата, забележале момче кое од зад нив правело селфи фотографија, со што, нормално, предизвикало бес кај јавноста.

Можеби настанот немало да ескалира толку ако целата сцена не ја забележал еден фотограф, кој притоа се пожалил: “Сосема го изгубивме чувството за мора”. Полицијата го фатила момчето и го натерала да ја избрише фотографијата, пишува “BBC”.

Младата Канаѓанка била префрлена во болница и поради тежината на повредите морале да и ја ампутираат ногата.

Момчето кое ја фотографирало тешката несреќа на железничката станица во Пјаченца, се наоѓа под истрага, но не може да биде одговара за никакво казнено дело. Не извршило злосторство. Сепак, неговата постапка ја вознемирила јавноста и се нашла на насловните страни на сите големи дневни весници во Италија, како и на социјалните мрежи.

“Corrire Della Sera” пишува дека момчето со прстите ја обликувало буквата “V”, што значи “victory”, додека со другата рака фотографирал. Радискиот водител Никола Савино на слушателите им рекол дека човековата раса “галопира” кон истребување. Еден корисник на Твитер едноставно напишал – “Повеќе ништо не може да ме изненади”.

Новинарот Џорџи Ламбри, кој на тој 26. мај ја фотографирал сцената, напишал текст за своето искуство за локалниот весник “Liberta” со наслов: “Варварство какво што не очекувате: селфи пред трагедија”. Истиот текст го објавил и на Фејсбук со наслов “Хјустон, имаме проблем”.

Ламбри за сето тоа ја известил железничката управа и момчето било идентификувано.

Непознато е како дошло до несреќата во која била повредена младата жена. Наводно, автоматскиот систем за отворање на вратите во возот се расипал и жената паднала на шините на погрешната страна, но тоа не е потврдено.,

Leave a comment

error: Content is protected !!