Човекот кој доживеал 114 години: Тајната на животот е во овие пет намирници

Освен телото, Бернард работел и на тоа до последниот ден и мозокот да му остане во форма.

Светската здравствена организација соопштила дека просечниот животен век е 72 години. Меѓутоа, тоа ни изгледа некако малку, со оглед на тоа дека повеќето луѓе сакаат да живеат подолго.

Доколку сакате да живеете над таа граница на критичните 70-ти, ве советуваме на време да увидите што позитивно, а што негативно влијае на вашето здравје.

А можеби ќе помогне и долговечноста на еден човек кој живеел 114 години.

Бернардо Ла Пало е роден во 1901-ва година, а умрел во 2015-та. Тој сметал дека причината за неговата долговечност е всушност здравата исхрана.

“Луѓето ме прашуваат: што правиш за да останеш млад? Им велам: Ја знаете онаа изрека – ти си тоа што јадеш”, вели Бернардо.

Неговото секојдневно мени се состоело од свежи, органски произведени овошје и зеленчук. Меѓутоа, тој консумирал и маслиново масло, чоколадо, лук, мед и цимет.

Тој потврдил дека никогаш не бил болен. За да остане здрав, се држел до советите на својот татко, кој му кажал да не јаде црвено месо.

“Никогаш не јадев брза храна, помфрит и такви работи.”

Бернард пешачел секој ден, играл “дама” и редел сложувалки. Тоа му помогнало да го одржи и мозокот во кондиција до последен ден.

“Памтам работи кои ми ги раскажа татко ми кога имав 8 години”, признал Бернард, пренесува “Bightside.me”.

Leave a comment

error: Content is protected !!