Часовникот на Надал чини повеќе од три модели “Ламборџини”

Надал секако дека може да познае квалитет, па може да се пофали со еден од најуникатните модели на светот. На патот кон новата титула на Роланд Гарос вкупно 11-та во кариерата, овој ас е забележан со ограничено издание на “Richard Mille” часовник на раката. Цената на овој часовник изнесува многу убави 725.000 долари, пишува “Forbes”. Моделот “RM27-03” тежи само 20 грама, така што не може да го расипе сервисот на Надал или неговата динамика на движење на теренот.

Часовникот кој овој тенисер гордо го носи може да издржи удар до 10 килограми, а компанијата произвела вкупно 50 примероци од овој модел, како што можеме да заклучиме од наводите од официјалната страна на “Richard Mille”.

Надал својот “RM27-03” претходно го носел на U.S Open турнирот минатата година, но тој и покрај својата голема цена, сепак не бил најскапиот часовник кој тој го носел на некој Гренд Слем настан. Пред три години, исто така во Америка, Надал на раката имал “RM27-02” модел од истиот произведувач, вреден 775.000 долари. Меѓу некои од поистакнатите парчиња од неговата колекција се наоѓаат и модели носени на “French Open” турнирите во 2010. и 2013. година, вредни 525.000 во првиот и 690.000 долари во вториот случај.

Надал е добро познат како роб на навиките кога е на теренот, па така, користењето на новиот “RM27-03” часовник и сите останати од оваа линија на компанијата “Richard Mille” во текот на долгата низа години, претставува некој вид на “среќа” за овој играч.

“На почетокот беше имаше период од навикнување и транзиција, моравме да соработуваме за да го прилагодиме на мојата рака”, изјавил Надал. “Чувството е како да немате ништо на раката, со еден збор, часовникот станува дел од мојата кожа”.

Следниот Гренд Слем за Надал ќе биде Вимблдон, ,кој се одржува од 2. до 15. јули.

Leave a comment

error: Content is protected !!