Чарлс Менсон и неговите “Сатански девици”: Овие снимки откриваат како масовниот убиец им го испрал мозокот на своите приврзаници

Снимките кои по 40 години се појавија во јавност откриваат како Чарлс Менсон ги контролирал следбениците на култот. На снимките се гледаат девојки со избричени глави кои ракуваат со ножеви и огнено оружје и дискутираат што би се случило доколку некој би му се заканил на нивниот “Чарли”.

Стоејќи зад обичната дрвена маса во старинската колиба, очите на трите девојки изгледаат празно и стаклено, додека нивната насмевка делува како тие да доживеале мистичка визија.

“Можеме да возвратиме многу брзо”, вели девојката во средина.

“Со што?”, прашува личноста која се наоѓа зад камерите.

“Со било што”, вели девојката од десна страна. “Што и да нѝ е при рака. Ние сме животни!”, продолжила таа.

Девојките кои носат јакни со натпис “Сатански девици”, “Ѓаволски вештерки” и “Ѓаволски ќерки” на грбот, не се актерки. Овие зборови ги изговараат со вера и сериозност.

Тие за Чарлс Менсон говорат со таква слепа преданост, што многумина би помислиле дека биле во сродство. Менсон бил познат по перењето на мозокот” на своите млади следбеници, со цел да извршуваат серија брутални убиства во текот на 1969 година во Лос Анџелес.Чарлс, во текот на 60-тите години ја основал заедницата “Семејство”, а се сметал себеси за реинкарнација на Исус Христос.

Менсон ги поттикнувал следбениците да извршуваат низа убиства со цел да предизвика расна војна помеѓу црнците и белците во која, според Менсон, би победила белата раса.

Тој е одговорен за убиство на 35 лица, меѓу кои и актерката Шерон Тејт. Менсон почина во ноември минатата година, на 83-годишна возраст. Гуруто кое станало убиец, со кукаст крст на своето чело, е еден од најпознатите криминалци во САД кој поминал повеќе од 40 години во затвор.

Leave a comment

error: Content is protected !!