Четири супер интересни факти за „Симпсонови“ кои не сме ги знаеле

Еден од продуцентите на Симпсонови, Мајк Рис ги откри одговорите на некои од најголемите мистерии на најдолговечната цртана серија на сите времиња.

Зошто се жолти

Рис вели дека препознатливата жолта боја на ликовите дошла сосема спонтано. Бојата за оригиналните ликови ја пронашол поранешниот аниматор на шоуто, а Рис објаснил како тоа го направил поради бизарните фризури кои децата во серијата ги имаат. Барт, Лиза и Меги немаат коса воопшто, односно нема линии кои ја одвојуваат нивната кожа од косата. Па затоа аниматорите одбраа жолта боја која личи и на коса и на кожа.

Зошто живеат во Спрингфилд

Рис вели дека името на градот е позајмено од ситкомот Father Knows Best од педесетите години на минатиот век. Откри и занимливости за непостоечката локација на градот. „Спрингфилд има океан на источната и западната страна. Еднаш рековме дека Источниот Спрингфилд е три пати поглем од Тексас, а во една епизода Хомер наутро чисти снег со лопата, а попладнето лежи во мрежа и пие лимонада на сонце“

Зошто името на фамилијата се појавува од позади облаците во најавната шпица

Фановите на серијата се навикнати на шпицата, но би можеле да се изненадат поради што е тоа така. Рис објаснува дека кога шоуто било првпат прикажано, гледачите можеле да ги видат само првите неколку букви од зборовите The Simps, а потоа бил откриен остатокот. Simps е скратеница за simpletons- што значи глупави луѓе, како оние кои ќе ги видите во серијата.

Како ги добиле имињата

Хомер и Марџ ги добиле имињата по вистински луѓе-творецот Мет Грејнинг ги користел имињата на своите родители како инспирација за фиктивната серија. Лиса и Меги ги добиле имињата по неговите сестри, а Барт бил негова инвенција од анаграмот на зборот brat ( размазено детиште)

Leave a comment

error: Content is protected !!