19-годишната Ејми од Лондон ја продава невиноста преку сајтот “Cinderella Escorts”, “за да живее подобро и да му помогне семејството”, а цената веќе скокнала до небо.
Во потрагата по “вистинскиот” Ејми веќе се сретнала со тројца богаташи: банкар од Волстрит, германски бизнисмен и еден фудбалер, за кој рекла дека е многу кул.
Сајтот “Cinderella Escorts” тврди дека лекарот утврдил дека Ејми е невина и дека и издал сертификат. Ејми тврди дека се консултирала и со психијатар пред да се одлучи на ова.
“Сакам да ја продадам невиноста преку “Cinderella Escorts”, бидејќи долго и длабоко го промислив тоа. Ова ми е вистинска можност да го подобрам својот живот, да му помогнам на моето семејство како тоа што ми помогна на мене”, вели Ејми и додава: “Би сакала патувам низ светот, да се школувам. Сфатив дека продажбата на невиноста ми е фантастична можност”.
Освен што е млада и убава, Ејми во соите квалитети кои ги истакнала на сајтот наведува дека сака суши, шопинг, шампањ и патување низ светот.
“Тоа е мое тело и мислам дека имам право да правам што сакам со него”, поентира таа.