Целиот свет зборува за демонстрантот кој ги тепал полицајците

Целиот свет зборува за Кристофор Детанже, поранешен француски боксер, кој, како дел од “Жолтите елеци”, во текот на протестите за викендот буквално претепал еден полицаец.

Детанже во боксерската кариера забележал 18 победи и четири порази и бил шампион на Франција во полутешка категорија за 2007-ма и 2008-ма година.

Тој ја демонстрирал својата завидна техника, но и храброст, откако “со голи раце” тргнал во пресметка со полицајци во полна опрема и условно кажано, го добил тој дуел.

Кратко после тоа бил приведен, иако се зборува и дека самиот се предал на полицијата, за потоа да се огласи во француските медиуми.

“Реагирав погрешно и во нервоза, но последниот солзавец го почувствувавме јас, мојот пријател и мојата сопруга. Секогаш ние малите луѓе страдаме”, рекол поранешниот боксер и додал дека тој протестира бидејќи е загрижен за пензионерите и иднината на своите деца.

Детанже открил дека учествувал во сите осум досега организирани собири.

Потегот на Детанже ги воодушевил демонстрантите ширум Франција, кои брзо се организирале и веќе собрале повеќе до 115.000 евра помош за Детанже.

Таа акција започнала на еден од сајтовите кои се занимаваат со собирање на пари за проекти или помош, а популарноста на Детанже е огромна на социјалните мрежи.

Leave a comment

error: Content is protected !!