Цел свет зборува за спектакуларното бегство на францускиот гангстер: Ова се деталите од неговиот живот

Редоан Фаид се нашол на насловните страни, и тоа не само на француските, туку и на сите светски и европски, поради своето спектакуларно бегство од затвор.

При бегството му помогнале вооружени мажи, за кои се верува дека се поранешни војници или командоси, кои по него дошле со хеликоптер, кој непречено го спуштиле во дворот на затворот.

А кој е всушност Редоан Фаид? Роден е во 1972. година во озлогласениот дел од Париз, како син на алжирски имигранти. Во текот на 90-тите години водел банда која била вмешана во вооружен грабеж и изнуда во француската престолнина.

 

Фаид рекол дека неговиот стил на живот бил инспириран од холивудските гангстерски филмови, вклучувајќи и го “Scarface” со Ал Пачино во главната улога. Посебно ги сакал крими-трилерите на режисерот Мајкл Ман, и филмот “Heat” од 1995. година. Еднаш дури и му пришол на Ман на Парискиот филмски фестивал и ми рекол: “Ти си мојот технички советник”.

Фаид тврдел дека десетина пати го гледал филмот за да ги забрза своите вештини за ограбување на банки. Во 2009. година напишал книга за своето искуство и растењето во париското подземје и како станал гангстер.

Тогаш тврдел дека му го свртел грбот на криминалот, но една година подоцна повторно бил уапсен поради вмешаност во грабеж. Француската полиција му го дала прекарот “Писател”, поради неговата автобиографија.

Еден од неговите супервизори во затвор рекол дека Фаид никогаш не влегувал во судир со чуварите, но дека на него морало да се обрати специјално внимание.

 

“Во аголот од неговиот ум тој никогаш не се откажа од идејата за бегство. Зад неговите манири, многу е љубезен, секогаш ја крие својата игра”, рекол тој.

Циклусот на лежење затвор и бегства на Фаид почнал со апсењето во 1998. година поради вооружен грабеж и ограбување на банка. Осуден бил на затворска казна, но во 2009. година бил пуштен на условна слобода. Се колнел дека е целосно сменет човек – но во 2011. година ја прекршил условната казна и бил вратен зад решетки.

Фаид во 2017. година бил осуден на 10 години затвор поради бегство од затворот Секдин во 2013. година. Добил 18 години затвор за организирање на грабеж во 2010. година, при што била убиена младата полицајка Орели Фуке.

Фаид се жалел, а во април 2018. година казната му била зголемена на 25 години затвор за вооружен грабеж.

Таа казна ја служел до 1. јули, кога спектакуларно, по повеќе месеци планирано бегство, побегнал со хеликоптер, а потоа променил уште два автомобили, а откако влегол во комбе му се губи секаква трага. Во потерата по него се вклучени 3000 полицајци.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!