Брутални снимки од протестите во Париз: Полицијата го подготвува водениот топ, а пред него жена со крваво лице!

На социјалните мрежи кружат бројни снимки од нередите во Париз, меѓутоа едно видео, според демонстрантите, на најдобар можен начин ја открва бруталноста на француската полиција.

Големи протести избија во текот на вчерашниот ден во Париз, веќе трет викенд по ред – таканаречените „Жолти елеци“ повторно се судрија со полицијата во знак на протест поради покачувањето на цената на горивата.

Набрзо после почетокот на протестите избија и првите нереди, па на улиците во Париз настана целосен хаос. Демонстрантите започнаа да ги демолираат продавниците во француската престолнина, но и да превртуваат и палат автомобили, по што полицијата возврати со водени топови и солзавец.

Според последните информации, во нередите се повредени најмалку 133 лица, а уапсени се над 412.

Иако на социјалните мрежи денес се појавија бројни видеа кои што откриваат што всушност се случувало вчера во францускиот главен град, едно видео посебно се издвојува, затоа што како што велат демонстрантите, на најдобар можен начин ја отсликува бруталноста на полицијата.

Имено, на видеото може да се види како жена седи мокра на асфалтот и на нејзиното лице ѝ тече крв, очигледно од повреда здобиена за време на протестите. Жената седи на асфалтот со подигнати раце, меѓутоа полицијата безмилосно интервенираше со водениот топ.

Француската јавност го осуди ваквото однесување на полицајците затоа што демонстрантите во конкретниот случај воопшто не беа вооружени.

Leave a comment

error: Content is protected !!