Британската актерка му го честитала роденденот на својот партнер со топлес фотографија

“Среќен роденден на мојата љубов Џереми. Ме правиш среќна и денеска е твој ден”, истакнала британската актерка Кели Брук

Таа на своето момече, моделот и џудист Џереми Париси, му пратила незаборавна честика. Парот овој специјален ден го прославил на грчкиот остров Миконос.

“Блазе си му. Тој е вистински среќник, многу сум љубоморен”, коментирале обожавателите на Брук. Имало и такви кои коментирале дека најголемиот роденденски подарок кој Џереми може да го добие е всушност расната актерка.

Парот е во врска од 2015 година, а водителката се обидела да го запроси своето момче пред неколку месеци на одмор во Антигва и Барбуда.

“Го прашав дали сака да се ожени за мене, а тој ми рече да бидам тивка, дека има луѓе околу нас. Се обидов да го запросам, но ми рече дека има работа и бараше од мене да молчам”, раскажала Кели, откривајќи дека тоа било само шега и дека ниеден од нив не го сфатил тоа сериозно.

Брук често истакнува дека е важно да работите на сопствената самодоверба. Во едно неодамешно интервју таа изјавила дека денес е многу посреќна со својот изглед отколку претходно и дека воопшто не се грижи за вишокот килограми.

“Денес сум посигурна во својот изглед отколку кога бев млада. Сега не се оптоварувам со своите мани. Повеќе не се грижам за килограмите ниту сакам да бидам слаба, важно ми е само да бидам здрава и фит”, напоменала Кели Брук.

Leave a comment

error: Content is protected !!