Британка отишла на летување во Сплит, а кога го одбила барањето на сопствениците на хостелот, била претепана со метална шипка

Британската студентка Лаура Денмар и нејзиното момче доживеале голема непријатност и ќотек во Сплит, бидејќи одбиле да дадат повеќе пари од тоа што чинело нивното сместување, а потоа целиот случај го пријавиле во полиција, Амбасадата на Британија и веб страната преку која го обезбедиле сместувањето.

Таа ја раскажала оваа приказна за Daily Mail, а како што објаснила, само за да не им се случи нешто слично и на други.

“Од почетокот беше јасно дека тоа не беше сосема легално сместување и нападот беше дефинитивно со умисла. Среќни сме што си заминавме од таму и сакаме да ги предупредиме другите”, рекла 26-годишната студентка.

 

Како што пишува Daily Mail, таа во Сплит била со момчето, а сместувањето го резервирале преку позната веб страна. Меѓутоа, кога пристигнале на одредиштето се воспоставило дека сместувањето, наместо во центарот, е во периферијата на Сплит.

“Рековме дека ќе одиме во друг хостел, а кога дојдовме во нашиот сфативме дека тоа е нешто илегално. Имаше 30 кревети и само една бања. Со оглед на тоа што немавме каде, одлучивме сепак да останеме”, рекла Лаура.

Последниот ден, меѓутоа, им пришла чистачката, и им кажала дека мора веднаш да го напуштат хотелот или да извршат доплата.

Бидејќи младиот пар одбил да доплати за сместување и се заканил со полиција, чистачката повикала човек за кој Британката мисли дека е сопственик на објектот. Бидејќи одлучиле да заминат и да не чекаат, чистачката им ја заклучила вратата и ги оневозможила да излезат.

“Кога дојде до тој маж со уште еден човек го турнаа моето момче во ѕидот, а жената мене почна да ме тепа со метална прачка. Беше грозно”, рекла студентката.

Вели дека притоа се здобила со повреди на главата, скршена рака и уште неколку модринки по телото. Таа и нејзиното момче целиот случај го пријавиле во полиција, Британската Амбасада во Хрватска и веб страната преку која го резервирале сместувањето.

Хрватската полиција уште не се огласила по повод овој случај, а медиумите пренесуваат дека е отворена истрага.

Leave a comment

error: Content is protected !!