Борба за гол живот: Погледнете го летот кој тргнал по лошо…

Туристот од Флорида, Крис Гурски, одлучил во текот на својот одмор во Швајцарија да лета со змеј. Меѓутоа, не се надевал дека притоа ќе ја гледа смртта во очи. Доколку се плашите од висини, ова видео ќе ве натера на одлуката никогаш повеќе да не помислите на летање.

Гурски одлучил убавините на Швајцарија да ги запознае со лет со змеј. Тој октомвриски ден Гурски одлучил со инструктор да скокне од планина од 1.200 метри надморска висина. Меѓутоа, набрзо двајцата сфатиле дека Гурски не е добро врзан и тука почнала борбата за живот на патниците.

“Тежината на телото веднаш ме привлече надолу и наеднаш висев и се борев за живот. Се сеќавам дека погледнав надоле и помислив: “Тоа е тоа””, рекол Гурски.

Летот траел околу 2 минути, а благодарение на вештината на пилотот и лудата среќа, Гурски завршил само со скршеница на рачниот зглоб и повреда на бицепсот на левата рака.

Меѓутоа, ваквиот несреќен лет не го обесхрабрил Гурски, кој рекол: “Повторно одам да лета, не уживав за време на првиот лет”.

Leave a comment

error: Content is protected !!